(ВИДЕО) Жерновски даде отчет за сработеното: Со нула денари помош од државата направивме поубава општина

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски даде отчет за сработеното во четирите години. Тој кажа дека со раководството, тие наследиле празна буџетска каса и дека во првите три месеци во општината влегле три пати повеќе инспектори отколку во целиот мандат на претходниот градоначалник.

Тој на брифингот со новинарите кажа дека успеале да ја направат општина Центар поубава, поурбана, позелена општина со жив дух на културата, дружбата, хуманоста и спортот.

– Со нула денари поддршка од владата реализирани се значајни проекти. По 42 години, најмладите ја добија најмодерната градинка, “Кочо Рацин“, обновени се клонот на “Панорама“ и градинката “13-ти Ноември“, а по 40 години општина Центар исклучиво со свои средства гради ново основно училиште во Капиштец, кое ќе биде најмодерно на Балканот. Воведени се награди за најдобрите настанвници, воспитувачи, негователи и готвачи, како и стипендии за најдобрите ученици. Наместо родителите, општина Центар го плаќа обезбедувањето, еднодневните екскурзии, часовите по физичко и англиски јазик. Со право општината го носи епитетот „зелена општина“, која има обновено и засадено зеленило на површина од 78000 м2, рече Жерновски.

Градоначалникот на Центар кажа дека преку референдумот, општината се изборила ГТЦ да го зачува автентичниот изглед и дека е спречена изградбата на Шпанските скали. Тој најави уште една ревизија на проектот Скопје 2014.

– Општина Центар е единствената општина која го нема добиено неизграденото градежно земјиште. Очекуваме една од првите одлуки на новата влада да биде ова, за да не продолжи раскрчмувањето на имотот на жителите на Центар. Што се однесува до терасата на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, таа е дивоградба, но Град Скопје се прогласи за надлежен, второстепната комисија ја одби нашата жалба и затоа, бидејќи не се работи за обична тераса таа мора да се отстрани по законските измени кои ќе ги направи новата влада и ќе им ги врати одземените ингеренции. Ние не ги делиме дивоградбите според тоа чии се и дали се на судии, претседатели на судови или политичари“, рече Жерновски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар