Во полошко, казни за 15 превозници поради технички неисправни возила

Од:

СВР Тетово, во рамки на превентивно-контролни активности, вчера спроведе акциски контроли за проверка на техничката исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

Со вчерашната акциска контрола реализирана во Тетово од 9 до 14 часот, вкупно биле опфатени 30 автобуси, од кои 16 се испратени на технички преглед.

– Од нив, четири имале неисправни сопирачки, еден не се јавил на преглед. Првите ги очекува глоба од 400, а вториот од 300 евра во денарска противвредност. На петте возачи-прекршители им се изготвени соодветни платни налози и едно барање за поведување прекршочна постапка против правно и одговорно лице. Во акцијата откриени се и 14 други видови прекршоци, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Во слична акција, спроведена вчера на гостиварското подрачје, контролирани биле 31 возило, претежно автобуси и комбиња. Според Јосифоски, осумнаесет од нив испратени се на технички преглед, при што кај шест е утврдена неисправност на сопирачките, 2 возила не отишле на технички преглед, а едно било технички неисправно.

На деветте прекршители изготвени им се платни налози и 1 барање за поведување прекршочна постапка.Покрај ова, откриени се и 3 други прекшоци (управување без возачка дозвола и истечена регистрација). Глобата за правните лица изнесува 2.000 евра во денарска противвредност.

– СВР Тетово, годинава става посебен акцент во планираните превентивно-контролни активности на возилата кои вршат јавен превоз на патници, со цел навреме да се откријат, санкционираат и отстранат технички и други недостатоци, а во функција на поголема безбедност на патниците и другите учесници во сообраќајот, подвлечува портпаролот Јосифоски.

Би можело да ве интересира

Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје, кои беа обвинети по член 319

ДУИ бара оставка на Министерот за внатрешни работи

МВР: Уапсено е момче од Липково по собирот за денот на албанското знаме во Куманово, а оштетени се шест возила

Маж од Тетово заработи кривична од МВР откако ја истепал сопругата

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски