Пентагон: САД го префрлија носачот на авиони „Џорџ Буш“ во источниот дел на Средоземното Море

Од:

САД распоредија ударна група, предводена од носачот на авиони „Џорџ Х. В. Буш“ во источниот дел на Средоземното Море, соопшти прес-службата на американската морнарица, пренесува ТАСС.

Ударната група на носачи на авиони пристигнала во Средоземното Море од регионот на Персискиот Залив во понеделникот, а вчера веќе учествувала во нанесувањето удари против „Исламска држава“ во Ирак и Сирија. Прес-службата не ги прецизира целите на овие напади и на кој начин биле изведени.

Во составот на групата, освен носачи на авиони, има и два ракетни крстосувачи и два миноносци.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни