На крајот на март за 41 милијарди евра е паднат плафонот за кредитирање на грчките системски банки, според кредитната линија од механизмот за итна ликвидност (ЕЛА), соопшти весникот „Катимерини“.
Меѓународната рејтинг агенција Мудис како позитивен настан го оцени значителното намалување на зависниста на грчките банки од овој механизам.
Според Мудис, грчките банки ја подобриле својата ликвидност, и покрај истекувањето капитал во текот на првите три месеци од годината заради појавената несигурност во земјата како последица на доцнењето со финализирањето на оценката на грчката помошна програма од страна на меѓународните кредитори.