Младите кошаркари на Работнички ја освоија шампионската титула во националниот шампионат на Македонија.
Работнички во финалето на завршниот „Ф4“ турнир за играчи до 18 години кој се одржа во СРЦ „Кале“ го победи Вардар со 78:60. Победата тимот од „Градски парк“ ја најави уште во првото полувреме откако првите две четвртини ги доби со убедливи 20:4 и 21:8.
Андреј Јордановски од шампионскиот состав кој средбата ја заврши со 21 постигнат поен го доби признание за МВП на турнирот.
Во дуелот за бронзениот медал МЗТ Скопје Аеродром со 83:74 славеше победа над Шкупи.
Денеска и утре ќе се игра завршниот турнир во конкуренција на играчи до 14 години. За шампионската титула ќе се борат Партизан Водно Санс – МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010 – Вардар.
Овие натпревари ќе се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.