Денови на шведска храна во Македонија

Од:

Амбасадата на Шведска трета година по ред организира Денови на шведска храна. Мотото на манифестацијата, која ќе се одржува од денеска до 16 јуни, е Try Swedish!. Целта е македонската јавност да се запознае со вкусовите на шведската кулинарска култура.

За време на деновите на шведска храна во Македонија ќе може да се пробааат разновидни рецепти – традиционални јадења како шведски ќофтиња со лингонбери бобинки, мариниран лосос со сос од сенф и копар, но и иновативни десерти како свежи малини со крем од лимон и пуслици со екстракт од сладок корен.

Менито кое ќе се служи е креирано од шведскиот мастер шеф Магнус Албректсон, кој меѓу другото е еден од ретките готвачи кои ја имаат подготвувано храната за свечената вечера по повод доделувањата на Нобеловата награда која секоја година ја организира шведското кралско семејство.

Шведската храна е разновидна како и самата шведска природа – од плодната, питома почва на југот до суровата дивина на Лапланд. Неколкуте климатски зони, илјадници езера, долги морски брегови и густи шуми овозможуваат развивање на една богата кулинарска култура. Шведска исто така има традиција на целосно искористување на она што го нуди природата, каде долгите зими наложуваат изнаоѓање многубројни начини на презервација на плодовите кои се собираат во лето.

Последните 15-20 години носат еден вид на револуција во шведската гастрономија, каде иновативното комбинирање на добро познатите состојки и рецепти, како и кулинарските креации со интернационални влијанија ја поставуваат Шведска на светската гастрономска мапа.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ