ВМРО-ДПМНЕ: Трагично е што на првите седници на Влада наместо реформи се носат одлуки за разрешување на јавниот обвинител

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на одлуката на Владата да започне постапка за разрешување на републичкиот Јавен обвинител.

„Трагично за државата е што СДС на своите први седници на Влада наместо да донесе одлука за покачување на плати и пензии, зголемување на субвенции, мерки и проекти за отворање на нови работни места или донесување на нови инвестиции, носи одлука за разрешување на Републичкиот Јавен Обвинител.

Граѓаните видоа како Зоран Заев бара мито по познатата формула „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ и ниту една смена на обвинител нема да му помогне да ги убеди дека тој не сторил криминал.

Заев е исплашен од кривичната одговорнст и се надева дека преку најавите за смени на Јавниот обвинител и реизборот на судии ќе ги исплаши оние кои треба да ја разгледуваат неговата вина.

Граѓаните видоа и слушнаа како самиот Заев барајќи мито од струмичкиот бизнисмен кој е оштетен во случајот поткуп, вели дека мито за потпишување на решение за легализација е стандардна пракса во неговата општина и дека сите така си плаќале.

Заев без грам срам и без тронка морал во својата прва изјава како Премиер најави, а на втората седница на Влада донесе одлука за покренување постапка за разрешување на Републичкиот Јавен Обвинител.

Зоран Заев со своите постапки покажува дека највисок приоритет му е да се спаси од кривичен прогон а ветувањата кон граѓаните се од второстепено значење.

Граѓаните од СДС очекуваат 500 километри нови автопати, работниците очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а лекарите плата од 100.000 денари, кои СДС им ги вети, а не рушење и бегање од одговорност за сторените криминали“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ