Лавров: Западот е опседнат со идејата да господари со Балканот

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека САД и некои други западни земји се опседнати со идејата уште еднаш да загосподарат со Балканот.

– ЕУ има некои планови во тој поглед. Преговарачките процеси се во тек, а тука се вклучени Србија, заедно со Косово, Македонија и Црна Гора, истакна Лавров.

Тој додава дека Русија нема ништо против тие земји да станат дел од европската економска интеграција.

– Тоа е природно бидејќи географската положба предвидува заеднички механизми, заеднички простор и пазар, но се надеваме дека во иднина тој економски простор ќе го бара и останатиот дел на Евроазија, нагласи шефот на руската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте