Двајца од тројца Французи сметаат дека приоритет на француската Влада треба да биде политиката на вработување, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот Пол Делуврије.
За 48 отсто од Французите минатата година политиката на вработување била приоритетна задача на Владата, додека годинава таа бројка порасна на 58 отсто.
За француските граѓани образованието е на второ место, а на трето место е здравствениот систем.
Резултатите од анкетата се последица од рекордната стапка на невработеност во Франција, која изнесува над три милиони.