Во уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија денеска беше отворена изложба на струмичките сликари Никола Пијанманов, Ване Костуранов, Љупка Галазка Василев и Марјан Ѕингаров.
– Уметноста е само еден збор на кој не му соодветствува ништо стварно, бидејќи изворот од кој се храни уметноста е таму каде што умира стварноста, а започнува сонот, рече на отворањето на изложбата Мирјана Крстева- Масети.
Секој од овие четворица струмички ликовни творци, наведе Масети, создава на свој оригинален уметнички јазик кој започнува да жари таму некаде во заумноста на мислата, а пламнува на сликарското платно.