Вучиќ: Кетрин Ештон нема да биде мој советник

Од:

Српскиот претседател Алаксандар Вучиќ вечерва ги демантираше информациите што се појавија во некои белградски медиуми дека поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон ќе биде негова советничка.

Белградските медиуми објавија дека овој ангажман на Ештон бил и една од главните причини за нејзината денешна ненајавена средба со Вучиќ, само пет дена откако тој положи заклетва и официјално стана претседател на Србија.

Вучиќ во изјава за српската државна телевизија РТС потврди дека се сретнал со Ештон, која, како што рече. многу ја почитува како личност од која може многу да се научи, но ги демантираше наводите дека таа ќе биде именувана за негов советник.

– Не разговаравме за советнички ангажман, туку за различни теми, како што е состојбата на Балканот и европската перспектива на целиот регион, рече Вучиќ.

Британката Ештон беше висока претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност од 2009 до 2014 година. Во нејзиниот мандат почна и политичкиот дијалог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

(ВИДЕО) Вучиќ: Кога даваш оставка, тоа е знак на сила

Вучиќ помилува 13 лица, меѓу нив има студенти, декан и доцент на факултет

Горан Наумовски

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Ќе ги помилувам уапсените на протестите, наскоро ќе има реконструкција на владата

Горан Наумовски