Би-Би-Си – Лондон
Се зборува дека едно од пет деца во Обединетото Кралство е негативно погодено од пиењето на неговите родители, а тие ефекти можат да траат и кога тоа ќе стане возрасно. Четири жени – Карен, Лиз, Хилари и Лин – зборуваа со Џо Морис за тоа како е да се расте со родител кој е зависен од алкохол.
– Некои луѓе зборуваат за книгите кои ги прочитале, или за филмовите кои ги изгледале, но наместо тоа ние зборуваме за тоа колку биле пијани нашите родители, рече Карен.
Карен и нејзината пријателка Лиз се запознале на исто работно место и веднаш ги поврзало исто детство.
-Не е исто за тоа да се зборува, а тој не знае како тоа вистински изгледа, рече Лиз.
Саркастичниот хумор им помага да се справат со морничавите сеќавања. Како кога мајка и на Лиз ги продала нејзните играчки за да дојде до пари за алкохол. Или кога таткото алкохоличар на Карен отишол во паб, наместо да ја земе од наставниот клуб по часовите од училиште.
И двете се сеќаваат како со страв си оделе од училиште дома.
-Толку беше вознемирувачки. Ќе си помислев еве баш беше се нормално на школо, но дома пак се по старо. Треба да бидам пристојна и фина, и не смеам да кажам ништо или да предизвикам причина со што се најлошото ќе ми се врати мене“.
Дури на осум или девет годишна возраст, Лиз сфатила дека нејзините другарчиња немаат такви грижи и живееле сосема поинакви животи.
– Ќе си помислев: Ви спремиле вечера? Јас немам вечера. И потоа ќе сфатам дека се е страшно и ќе се почуствувам најосамена додека минувам низ сите тие мачнини.
Еднаш, нејзината мајка ги потрошила сите пари од социјалното на алкохол, и се што останало било доволно за само една вреќа компири.
-Компирски викенд, се смее Лиз. „Буквално цел викенд имавме на располагање само компири. Па правевме пире, чипс во фишек од весници – таа беше многу инвентивна“.
Храната – или нејзиното отсуство – е вообичаената тема за разговор
Пеесет и пет годишната Хилари одраснала во семејство од средната класа во Сандерленд, а татко и бил почитуван хирург. Семејството било стабилно, но нејзината мајка пиела.
-Се сеќавам еден ден на училиште кога едно девојче од мојот клас ја отвори кутијата за појадок и рече: О, па сендвичите ми ги намачкале со путер само од едната страна! За мене тоа беше информација како од друга планета, во споредба со мојот живот, се сеќава таа.
На Хилари никој не и правел сендвичи за училиште. Всушност, таа требала да се грижи за другите дома – да го легне помалото братче, да го подготви за училиште, да направи јадење за него. Проблемот со пиењето на нејзината мајка започнал со една чашка вино „додека готвела“, но наскоро тоа довело до цело шише вотка секој ден.
– Ги криеше шишињата низ целата куќа – во кутиите од чевли, зад завесата, и пред да почнеме да подготвуваме јадење моравме да проверуваме дали има некое сокриено шише во шпоретот.
Било многу болно да се гледа како „исчезнува“ нејзината елегантна и високообразована мајка.
– Не можевме да почнеме како вбило муабет со неа оти беше пијана, вели Хилари. „Како всушност да не беше тука – од реално присутна стана дух“.
Мајка и на Лиз била фото модел, но откако почнала да пие таа не била свесна каде си ги оставила шминките. „Изгледаше како Баба Зумбула, жив мртовец“, вели таа. Животот на Лиз почнал да излегува од контрола како резултат опд занемарувањето од страна на нејзината мајка. На 15 години,. Лиз имала врска со човек кој ја малтретирал, и била одведенаљ во дом. Благодарение на нејзините пријатели таа преживеала, вели таа.
– Секогаш одбирав добри пријатели кои ми помагаа, пријатели кои не земаа дроги ниту пак пиеја.
Потоа кога нејзините пријатели се запишале на факултет, и таа одлучила да се запише – таа била единствената девојка од социјалната служба во Сари која го сторила тоа. „Дефинитивно заслужувам награда заради тоа“, рече таа.
За 22-годишната Џабс да се живее со нејзиниот татко алкохоличар било како да се оди по „јајца“. Сега на 37 години, и со оформено младо семејство, таа ја посетува мајка и неколку пати годишно, но не сака повеќе да помага – таа била единствената причина зошто ја раскинала веридбата со својот долгогодишен партнер.
– Не сакав да дојде на мојата свадба, но не ми пречи да ја замислувам како самата си седи дома.
Мајка и на Лин починала пред 13 години од компликации предизвикани од алкохолизмот. Таа отвора некои кутии со дребулии од мајка и кои и останале по отворањето на тестаментот.
– Најтешко ми беше кога сите на погребот во црквата кажуваа колку била голема жена, се сеќава таа на нивната проблематична врска. „Секое сеќавање од детството ми е проткаено со споменот на мајка ми која пиеше. Не можам да се сетам на ниту еден ден таа да не не пратеше во локалната продавничка со писменце: Ве молам, продајте им на моите деца две шишиња Олд Инглиш и четири конзерви Спешел бру – и не бев единственото дете на социјална помош кое го правеше тоа.
Нејзината мајка станувала непријатна кога ќе се напие, па дури и насилна.
– Се беше толку збунувачки и вознемирувачки. Понекогаш ќе се затворев во мјоата соба. Дури и сега кога зборувам за тоа во стомакот го чуствувам чувството дека сакав да избегам од дома.
Денес нејзиниот стан е убаво среден и домаќински – дијаметрално спротивен на домот каде растела. А тоа денес и е најважно, вели таа.
-Постојано чуствував дека немав среќа да имам се или добри нешта, вели таа. „Но повеќе не е така“.
Откако се преселила во Лондон, таа си создала живот каков што го посакувала. Сакана е од сопругот и пријателите. „Уживам во сето тоа“, рече таа.
Од кутијата со нештата од мајка и извади нешто – лист од болницата каде се родила, со податоци колку тежела.
– Бев изненадена што го сочувала ова, вели таа очигледно потресена. „Свесна за одлуката да немам деца е наследство од сето тоа. Длабоко во срцето се плашев дека нема да можам да се грижам за некого друг, и дека можам да ги повторам истите грешки. Дали го носам тоа во гените, дали може и мене да ми се случи? Отсекогаш сум била оптеретена со тоа.
Хилари има дете, тинејџер, и на секој начин ја користи шансата да биде грижлива мајка, она што нејзе и недостасувало. Таа исто така силно, за разлика од нејзината мајка – која била медицинска сестра, а на крајот завршила сама дома – да биде постојано ангажирана.
– Ја научив лекцијата од мајка ми, вели таа. „Мислам дека мајка ми е осамена и тажна. Тоа силно ме погодува. И мислам дека треба да и се помогне“.
Таа се сеќава дека еднаш кога се вратила дома од божиќна забава, ја нашла мајка и како седи на скалите со нож во рацете, и се заканувала дека ќе се убие. Таа пиела некој ликер и продолжила со сок од боровинки, а потоа се искарала со сопругот. Хилари ја одвела во болница и ја примиле во одделот за зависници од алкохол. Следниот ден на божиќниот ручек дома никој не зборувал за она што всушност се случило претходната вечер.
– Тоа беше голема лага. Во семејството никогаш не зборувавме за било што.
Денес таа се уште го мрази лажењето.
-И ги презирам луѓето кои се претставуваат како нешто што релано не се, затоа што така бев и самата израсната. Фактот што не можев да зборувам отворено за проблемите најверојатно доведе до длабоката депресија во мене“, вели Хилари.
Срамот и таинственоста се зборови кои често се повторуваат кога се разговара со овие жени. Сите тие сакале да имаат некого со кого би разговарале додека рсстеле за проблемот со пиењето на нивните родители.
Лиз и Карен, кои си нашле утеха што си ги кажувале животните приказни, кога биле деца немале со кого да разговараат и немале никакво решение.
– Кога имате осум или девете години не можете никаде да одите сами, вели Лиз која ја задевале на училиштето затоа што мајка и била пијаница. „Вие не сте криви затоа што родителот ви е алкохоличар“.
Карен потврдува со климање на главата. „Колку деца минуваат низ вакви нешта? Го чуваат сиот тој притисок, стресот и анксиозноста затоа што немаат никого на училиште со кого би разговарале за тоа – тоа е баш тажно и мачно, а и денес има деца кои минуваат низ вакви тешкотии“, вели таа.
Лин се чувствува мачно и смета дека била занемарена од општеството.
-Всушност тоа најмногу ме лути. Сиот тој систем на поддршка во општеството – училиштето, лекарите, социјалните служби – каде беа кога најмногу ми требаа?
За Хилари, единствената помош што ја имала била од вујко и Дејвид – брат на мајка и. „Дотогаш ниту еден возрасен не ми помогна, никој од возрасните не се вмеша“. Таа раскажува како тој ги прибирал неа и нејзините братчиња во неговиот автомобил и долго ги возел наоколу, за тие да се смират и му раскажувале настани со пиењето на мајка им. Тој ја убедил мајка и на Хилари да престане три месеци да пие, за да може Хилари да се сконцентрира на завршните испити на училиште.
– Тој направи да се чувствуваме безбедни, одеднаш сонце огреа во мојот живот.
Мајка и останала трезна само тие три месеци, но Хилари успешно ги положила испитите и потоа избегала од дома и се запишала на факултет.
Никогаш не ја заборавила љубезноста на вујко и Дејвид, и се уште го посетува секоја недела.
Татко и на Карен престанал да пие пред 13 години, но таа се уште има кошмари дека повторно би можел да почне со лошата навика. „Се уште ме фаќа паника: еве, пак по старо!“
Дали таа разговара со нејзините родители за тоа што се случувало? „Никогаш не сме разговарале. Сега кога и самата сум родител, самата помисла така да се однесувам со моето дете за мене е неверојатно“, додава таа.
– Стресот за тоа со што да ги нахраниме децата.
Лиз се согласува: „Да, пет пати на ден“.
– И да си купиме вреќа компири за цел викенд, се шегува Карен.
И сите заедно пак еруптираа во смеа.