Одбележана годишнина од загинувањето на тројца бранители кај Гајре, Шипковица

Од:

Делегација на општина Новаци, денеска положија цвеќе на споменикот „Паднатиот анѓел“ во Битола и споменикот кај касарната „Стив Наумов“, а по повод 16-годишнината од загинувањето на тројца бранители кои во 2001 година го загубија животот кај Гајре, Шипковица.

Пред 16 години, во конфликтот во 2001 година, згаснаа младите животи на Пеце Матичевски, Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, истакна градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

– Во чест на бранителите Влатко, Благојче и Пеце, заедно со подрачното одделение на Министерство за одбрана и организацијата на резервни офицери, секоја година организираме бројни манифестации во знак на сеќавање и почит на жртвите. Организираме и меморијален турнир во фудбал на кој со своја екипа учествува и општина Новаци. Организатор на целиот настан е Министерството за одбрана – одделение во Битола, а за победникот доделуваме преоден пехар и пехар во трајна сопственост, посочи Котевски.

Општина Новаци донесе одлука со која новата спортска сала во таа општина го носи името на бранителот Пеце Матичевски.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он