Едно лице загинало, четири лица се тешко повредени, 17 лица се со полесни повреди, а во 14 сообраќајки е причинета материјална штета во вкупно 43 регистрирани сообраќајни несреќи во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.
Од евидентираните 15 сообраќајки во петокот, во една со тешки телесни повреди се здобило едно лице, во осум полесно се повредени 14 лица, а шест незгоди се со материјална штета.
Во саботата, пак, се случиле 14 сообраќајни незгоди, во две со тешки телесни повреди се здобиле две лица, во пет полесно се повредени седум лица, а во седум е причинета материјална штета.
Како што информираат од СВР Скопје, вчера во Скопје се регистрирани осум сообраќајки. Во една незгода едно лице загинало, а во друга со тешки телесни повреди се здобило едно лице. Во две со полесни повреди се здобиле две лица, а во четири е причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција санкционирала 20 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, 13 возачи поминале на црвено светло на семафор, 22 возачи го користеле мобилниот телефон при управување на патничко моторно возило, и 20 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола. Затекнати биле 69 непрописно паркирани.
Санкционирани се и четири пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.
Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 86 непрописно паркирани возила.