Дел од откупувачите не ги почитуваат склучените договори со производителите и отстапуваат од утврдената цена, велат земјоделците.
Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделците на Македонија Ефтим Шаклев, проблеми со договорите има во полјоделството, градинарството, млекарството,…
Некои од преработувачите дури и го откажале откупот на млекото во целост, а други нудат пониски цени.
– Секој ден има проблеми со градинарството каде што е во тек откупот. Сведоци сме на непочитување на договорените цени од страна на откупувачите. Откупните цени се менуваат еднаш во неделата, но тоа не се почитува од дел од откупувачите. На тоа треба да им се укаже, изјави Шаклев.
Во однос на млекото, дополни, откупот во некои региони е целосно откажан.
– Имаме два проблема, некои од преработувачите го откажаа откупот, а некои нудат минимална цена, за кравјото 14 – 17 денари наместо најмалку 20, а за овчото 30 неместо 40 денари. Има многу неправилности, рече Шаклев.
Земјоделците очекуваат соработка од новиот ресорен министер Љупчо Николовски, средби во најскоро време и поддршка, како што велат, за надминување на проблемите.