Китаноски: СДСМ сака да создаде хаос

Од:

„Во македонското Собрание се случи тежок скандал кој не смее да биде премолчен. Насилничкото однесување на пратениците на СДСМ преставува узурпација на законодавниот дом, и дирекно рушење на демократските принципи во оваа држава. Пратениците од СДСМ се ставија над Собранието, над Уставот и законите,тие се ставија над граѓаните“. Ова го кажа Илија Китаноски од ВМРО-ДПМНЕ, според кого „недоличните зборови, намерата физички да се пресметуваат, викањето и создавањето на тензии не е демократија“.

„Дали за СДСМ е демократија, колешката Цветанка Иванова физички да ја нападне пратеничката Благородна Дулиќ?

– Дали за СДСМ е демократија, да се замолчуваат соговорниците, како што тоа го направи Цветанка Иванова исклучувајќи го микрофонот на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева?
-Дали му доликува на кандидатот за градоначалник на главниот град од СДСМ и пратеник во собранието г. Јани Макрадули на пратеничката која е речиси двојно повозрасна од него г-ѓата Благородна Дулиќ отворено да и се заканува дека ќе се тепа?

-Дали за СДСМ е демократија пратеникот Драгиша Милетиќ физички да сака да се пресмета со пратеникот Илија Димовски?

-Дали за СДСМ е нормално нивниот пратеник Казанџиска да ги одзема и расфрлува техничките помагала во собраниската сала. Дали за СДСМ сево ова е демократија?

Поминаа цели два дена. Очекувамвме ако ништо друго барем лично извинување спрема колегите пратеници. Но и тоа го немаше. Молкот и на раководството на СДСМ значи одобрување на ваквото насилничко однесување. ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ веднаш да се огради и да ги осуди ваквите инциденти. СДСМ бараме да им се извини на граѓаните што го руши дигнитетот на македонското Собрание. Се друго претставува обид да се забошоти ова срамно однесување на СДСМ“, рече Китаноски.

Според него, „блокадата на буџетот што ја прави СДСМ е свесна блокада на државата“.

„Нивната цела е создавање на хаос. Ова е сценарио чија цел е создавање на криза и хаос, која има за цел враќање во игра на Бранко Црвенковски и одвраќање од внатрепартиските проблеми во СДСМ. Тие создаваат проблеми, а потоа се наметнуваат како решение за истите“, рече Китаноски.

Би можело да ве интересира

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

(ВИДЕО) Мицевски: Колашинац не е било кој бизнисмен, со Филипче и браќата Заеви се журкаше во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче има повластен третман само затоа што е функционер и претседател на СДС?

Зошто обвинителството има различен третман во однос на поклонот на Мирчевски и поклонот Ауди Q8 од 130 000 евра на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се извини што лажеше за Кочани

А1он

Стојановска: Укинувањето на царини за стоките од САД, не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор

Горан Наумовски