ВМРО-ДПМНЕ: Оваа влада не е реформска, туку анти-реформска

Од:

„СДС уште не влезе во влада почна да релативизира. Се што ветуваа за избори сега го претставуваат како цел кон која тежнеат.

Толку вреди зборот на СДС.

Додека народот чека субвенции, поголеми плати просечна плата од 30.000 денари како што ветуваа, тие смислуваат црни сценарија за ВМРО-ДПМНЕ се со цел народот да заборави на лажните ветувања кои СДС ги расфрлаше во изминатиов период.

СДС знае да управува само со лажни ветувања и смислување на црни сценарија.

Наместо СДС да спроведува реформи кои долго време ги најавуваше, тие организираат хистерични хајки против ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се елиминира единствената политичка партија која деноноќно работи за националното единство и просперитетот на сите граѓани во државата.

Деструктивната политика на СДС се повеќе се забележува.

Налудничаво е СДС да говори за судскиот систем, но сосема очекувано е да бега од исполнување на економските ветувања.

Првата изјава на Зоран Заев затоа не е за покачување на пензиите или покачување на просечната плата до 30.000 денари. Првата изјава е за смена на Јавниот обвинител кој го гони затоа што барал поткуп од едно евро за Вице.

Се поочигледно е дека Владата на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДС нема што да понудат на македонскиот народ освен лажни ветувања, деструкција и страв.

Поради тоа оваа влада не е реформска туку анти-реформска“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти