Американскиот претседател Барак Обама најверојатно ќе ја посети Русија во првата половина на наредната година и покрај „мини кризата“ во односите заради американскиот закон со кој се казнуваат Русите обвинети за крешење на човекови права, соопшти денска Кремљ.
– Русија и САД преговараат за можната посета на Обама во Москва, изјави денеска на прес конференција надворешно-политичкиот советник на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков.
– Се надеваме дека посетата ќе биде организирана во првата половина на наредната година, додаде тој.
И Обама и Путин откако победија на претседателските избори оваа година сигнализираа дека сакаат руско-американските односи да се подобрат, а Путин го повика Обама да ја посети Русија.
Во меѓувреме, Путин искажал незадоволство што американскиот Конгрес го усвои таканаречениот „Закон Магницки“ кој наложува САД да ги ускрати визите и замрзне средствата на руските функционери обвинети за вмешаност во смртта на рускиот адвокат Сергеј Магницки во 2009 година, но може да се примени на други за кои Белата куќа смета дека ги кршат човековите права.