„Филелефтерос“: Анастасијадис е сигурен победник на претседателските избори на Кипар

Од:

Никос Анастасијадис е сигурен победник на претседателските избори на Кипар во февруари 2013 година, покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење, објави кипарскиот весник „Филелефтерос“.

Според анкетата, лидерот на Демократскиот собир (ДИСИ) Анастасијадис има 37,1 отсто во првиот круг од изборите. По него се Ставрос Малас од левата партија АКЕЛ со 23,1 отсто и Јоргос Лиликас од социјалдемократската ЕДЕК со 20,4 отсто. Четвртиот претседателски кандидат – Праксула Андониаду, од движењето „Обединети демократи“ (ЕДИ), собира 2,9 отсто од гласовите.

Ако во вториот круг излезе пред Малас, Анастасијадис ќе добие 43,7 отсто, а неговиот соперник ќе биде Лиликас – 39,6 отсто.

Анкетата покажува дека рејтингот на лидерот на ДИСИ достигнал 46 отсто.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ