Петнаесетгодишниот Стефан Пирков, попладнево се удави во реката Пчиња. Тој со пријателите заминал на брегот на реката, скокнал во водите и почнал да се дави.
Откако пријателите безуспешно се обиделе да му помогнат и да го пронајдат во реката, ги повикале неговите родителите, а потоа и единицата за специјални задачи на МВР, која го извадила безживотното тело на Пирков.