Голден Стејт го доби првиот дуел од финалето со НБА шампионот Кливленд

Од:

Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Кливленд со убедливи 113:91 и поведоа со 1-0 во финалната серија од плеј-офот во НБА лигата.

Ниту бранителот на трофејот не беше способен да ја запре победничката серија на „воините“ која трае од почетокот на плеј-офот и која изнесува 13 победи во низа.

Клучна за победата беше серијата од 13-0 која Голден Стејт ја направи на почетокот од второто полувреме.

Предводник до триумфот на својот тим беше Кевин Дурант со 38 поени и по осум скокови и асистенции. Голем удел во победата имаше и Стеф Кари кој запиша дабл-дабл ефект 28 поени и 10 асистенции надополнети со шест скока.

Во поразениот тим Леброн Џејмс се истакна со 28 поени, 15 скока и осум асистении, Кајри Ирвинг реализира 24 поени.

Финалната серија која се игра до четири победи продолжува ноќта меѓу недела и понеделник (почеток 2 часот).

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот