Штрајк на грчките цариници – патнички возила се пропуштаат само на Евзони

Од:

Граничните премини со Грција се затворени поради 24-часовен штрајк на грчките цариници.

На граничниот премин Стар Дојран штрајкот почна вчеравечер од 21 часот при што се пропуштаат само пешаци, а не и патнички и товарни возила.

Грчките царински служби на граничниот премин Евзони ноќеска на полноќ стапија во генерален штрајк кој ќе трае 24 часа. За време на штрајкот товарниот сообраќај при влез и излез во Грција е во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај функционира со повремени прекини, односно 60 минути блокада и 15-ина минути пропуштање.

Од утрово во 7 часот почна штрајк и на граничниот премин Ники и ќе трае до 24 часот. Се пропуштаат само патници кои патуваат пеш, додека возилата не се пропуштаат во период на штрајкот.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Би можело да ве интересира

Вујиќ-Обрадовиќ: Грција времено ќе го суспендира EES системот за српските туристи

Вооружените напади предизвикаа масовен штрајк во Грција

Горан Наумовски

Грција ќе забрани анонимност на социјалните мрежи

Укинат им е имунитетот на 13 пратеници на владејачката партија во Грција

Македонската туристичката комора бара од Атина одложување на примената на ЕЕС-системот за Македонците во летната сезона

„Катимерини“: Грција има резерви на гориво за два месеци