Илјадници трупи од составот на НАТО и партнерските држави денеска изведуваат воена вежба на копно и на море во Централна и Источна Европа, со цел да покажат соработка и способност за брзо реагирање.
Околу 4.000 војници од САД и 14 европски држави учествуваат во вежбата што почна денеска во пристаништето Шчечин на Балтичко Море.
Како дел од вежбите е потрага и борба против подморници и морски мини, користење на воздушна одбрана и десантни трупи, како и борба против пловила.