Гутереш: ОН треба да се реформираат за да станат поефикасни

Од:

Меѓународната заедница треба да ја реформира Организацијата на обединетите нации, со цел таа да стане поефикасна, вклучително и во сферата на одбраната, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во обраќање на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Како што јави ТАСС, Гутереш нагласи дека веќе спровел промени во секторите на ОН за безбедност, развој и управување, со цел Организацијата да може да ги превенира конфликтите и да ги поддржува земјите во борбата против тероризмот.

Тој нагласи дека глобалниот економски раст и техничкиот напредок не успеваат да ги решат сите глобални проблеми.

– Тие доведоа до колосално зголемување на богатството, подобрување на условите за живот и намалување на апсолутната сиромаштија, но доведоа и до колосално зголемување на нееднаквоста меѓу луѓето и донекаде и меѓу државите, рече Гутереш.

Според него, сето ова доведува до крајно заострување на проблемите со довербата.

– Најважен проблем на светот се недостигот на доверба, бирократијата и кеснофобијата, рече Гутереш.

Тој се осврна и на прашањето на климата, додавајќи дека „сите не ги разбираат приоритетите на проблемот со климатските проблеми за глобалната заедница“.

Би можело да ве интересира

Гутереш: Ако Израел ги прекине врските со УНРВА, ќе мора сам да ги задоволи потребите на бегалците

Гутереш во Казан повика на прекин на огнот во Газа, Украина и Судан

Северна Кореја: Гутереш применува „двојни стандарди“

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Гутереш: Смртта на заложниците не потсетува на важноста да се стави крај на кошмарот во Газа

Горан Наумовски

Гутереш ги повика Израел и Хамас да постигнат договор за прекин на огнот во Газа