Најмалку 44 мигранти починаа во пустината во Нигер

Од:

Телата на најмалку 44 починати мигранти, меѓу кои и на жени и деца, се пронајдени во едно возило во пустинските реони на африканската држава Нигер, соопшти денеска претставник на властите во Нијамеј.

– Бројот на мигрантите кои починале во пустината за сега изнесува 44, изјави владиниот претставник кој инсистирал на анонимност.

Според него, мигрантите починале од жед откако возилото со кое патувале кон Либија се расипало во пустината.

Информацијата за смртта на 44-цата мигранти ја потврди и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој соопшти дека испратил свој тим на терен за да прибере дополнителни информации за настанот.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“