Оригинална и впечатлива изложбена уметничка поставка на авторката Рената Поповска од вчера е достапна за публиката во Кинотеката на Македонија.
Природното како мотив за творење,каменот како симбол на вечноста и цвеќето како симбол на животот се инспиративните ноти кои Рената ги врамува во 60 -тина дела на својата прва самостојна изложба.
Вчерашниот впечаток од посетителите е дека нејзините дека зрачат со безвременска енергија и се неисцрпен извор на радост.
Нејзината оригиналност во делата,играта со боите, камењата, конопот и дрвените елементи раскажуваат една поинаква, силна и урбана приказна за убавата страна на животот.