Триесет и седум патници се ранети, откако автобус, кој превезувал босански студенти, изутрината излетал од автопат во централна Хрватска и се превртел.
Автобусот излетал од патот, ги урнал банкините и се превртел во канал, поради што спасувачките екипи морале да сечат дел од неговата каросерија за да ги извлечат повредените.
Полицијата соопшти дека ниту еден од патниците не е во животна опасност, а двајца од нив се задржани во локалната болница, поради потешки повреди.
Студентите се враќале од екскурзија во Астрија. Во автобусот патувале 55 патници.