Русија: Убиени 80 екстремисти на ИД

Од:

Авијацијата на Воено воздухопловните-вселенски сили на Русија уништија три конвои на Исламска држава и при тоа убија 80 екстремисти, изјавија извори од руското Министерство за одбрана, јави ТАСС.

– Синоќа припадници на терористичка група на ИД повторно се обидоа да се префрлат во Палмира. Три воени конвои го напуштија градот Рака, упатувајќи се кон југ, користејќи различни рути. Нивното движење го откри нашата разузнавачка служба, изјави претставник на Министерството.

Во операцијата на руските сили се уништени 36 возила, осум цистерни со гориво и 17 џипови.

Командата на руските сили во Сирија предупреди дека секој обид на екстремистите на ИД да го напуштат Рака и да тргнат на пат за Пламира ќе биде осуетен.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети