Промоција на монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски

Од:

Националната галерија на Македонија (НГМ) денеска во галеријата Даут-пашин амам ќе промовира монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски, со наслов „Вељо Ташовски, живот и творештво“.

Монографијата за Вељо Ташовски, која е издание на НГМ, дава пресек и своевидно толкување, анализа на целокупното творештво на авторот, со посебен акцент на одредени фази во неговото творештво, нагласувајќи ја неговата значајна улога во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.

– Изданието е дел од посеопфатен проект кој во континуитет се одвива од 2014 година кога беше организирана ретроспективна изложба за Вељо Ташовски во објектот Даут-пашин амам. Поттикнати од интересот и значењето на творештвото на овој наш еминентен ликовен автор, кој одигра значајна улога во развојот на македонската современа ликовна уметност, во текот на 2015-та направивме избор од ретроспективната поставка со цел нејзино селективно прикажување и во останатите градови од земјата. Во април/мај 2016 година изложбата беше претставена и во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, соопшти НГМ.

Автор на текстот во монографијата е проф. Владимир Величковски. На промоцијата ќе се обратат проф. Костадин Танчев-Динка и Милан Бешлиќ, ликовен критичар од Хрватска, кој е и автор на текст во публикацијата.

Вељо Ташовски (село Осој, 1949) во 1975 завршил Академија за ликовни уметности – сликарски оддел во Љубљана, каде и магистрирал во 1979. Од 1976 до 1985 бил член на Друштвото на ликовни уметници во Словенија, а од 1976 е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Работел како професор на Факултетот за ликовни уметости во Скопје. Имал повеќе самостојни изложби во Македонија и Словенија, а учествувал и на голем број групни изложби во Словенија, Македонија, Италија, Полска, Хрватска, Грција, Романија, Србија, Чешка, Словачка, САД… Добитник е на голем број домашни и меѓународни награди.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска