Роберт Поповски – министер без ресор

Од:

Министерот без ресор Роберт Поповски е новинар кој на новата функција доаѓа од позицијата советник на претседателот на СДСМ за комуникации и креирање политики на која работи од 2013 година.

Поповски е роден 1967 година. Дипломирал новинарство на Правниот факултет во Скопје. Од 2005 до 2010 година е претседател на Здруженето на новинари на Македонија, а во 2002-ра е добитник на наградата „Новинар на годината“ според читателите на весникот Вечер.

Автор е на политичкиот магазин „Х/О“, бил главен и одговорен уредник на телевизијата Канал 5, уредник во вестите на Телма телевизија, како и колумнист во неделникот „Денес“. Поповски беше и дел од тимот на политичкиот магазин „Без наслов, но со повод“ што го емитуваше Македонската телевизија во периодот 1996-1997 година, додека во 1994 и 1995 година беше главен уредник на информативната програма на Сител ТВ.

Познат е и како автор во политичките магазини „Лавиринт“ на Канал 5 и „Агол“ на Телма, како член на основачките и уредувачките колегиуми на Нома радио, но и на добро познатите Младински канал, Неделно попладне, Добро утро Македонијо, уредник и водител на вести во МРТ.

Работел како новинар и во весниците Вечер и Нова Македонија, а во неговата биографијата стои и дека бил член на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието на РМ,

Зборува англиски и неколку јазици со словенско потекло од регионот на ЈИЕ.

Би можело да ве интересира

Зоран Шапуриќ – министер без ресор

Ана Ололовска

Рамиз Мерко – министер без ресор

Ана Ололовска

Самка Ибраимоски – министер без ресор

Ана Ололовска

Едмонд Адеми – министер без ресор

Ана Ололовска

Аднан Ќахил – министер без ресор

Ана Ололовска

Зорица Апостолоска – министер без ресор

Ана Ололовска