Министерот без ресор Зорица Апостолоска доаѓа од финансискиот сектор. Завршила Економски факултет во Скопје по што се специјализирала во сегментот пензиски системи. Има објавено трудови во земјата и странство, а од странски јазици познава англиски.
Апостолска била советник во Министерството за труд и социјална политика, директор во Стопанска банка АД Скопје, основач и прв директор во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Во струката работела и како дел од тимот на Металски завот-Тито.