Едмонд Адеми – министер без ресор

Од:

Министерот без ресор Едмонд Адеми е роден 1975 година. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, стекнал звање дипломиран социолог и моментно е кандидат за магистер по филозофија. Зборува англиски, српско-хрватски, француски и словенечки, автор е на повеќе поубликации и добитник на неколку меѓунардони награди и признанија.

Специјализирал политичка комуникација во САД и работел како политички стратег за Нова-социјалдемократска партија на Србија, Демократската лига на Косово и социјалдемократите на Словенија.

Од март до мај 2016 година ја извршувал фунцкијата советник на министерот за внатрешни работи, а од 2011 до 2015 година бил извшрен директор на Институтот за политички и економски истражувања Либерта.

Адеми бил и консултант за ОН / УНДП – Македонија, а од 2007 до 2009 година бил и личен асистент на амбасадорите на САД во Македонија Џилијан А. Миловановиќ и Филип Рикер. Во Амбасадата на САД бил задолжен и за мониторинг на медиумите.

Работел и како советник во Министерството за одбрана, престојувал три месеци во Македонската дипломатска мисија во НАТО во Брисел и бил лице за врски меѓу македонскиот министер за одбрана и Кабинетот на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Адеми дел од кариерата поминал и во Европската агенција за реконструкција, како и во Националниот демократски институт.

Би можело да ве интересира

Зоран Шапуриќ – министер без ресор

Ана Ололовска

Рамиз Мерко – министер без ресор

Ана Ололовска

Самка Ибраимоски – министер без ресор

Ана Ололовска

Роберт Поповски – министер без ресор

Ана Ололовска

Аднан Ќахил – министер без ресор

Ана Ололовска

Зорица Апостолоска – министер без ресор

Ана Ололовска