Бујар Османи – министер без ресор

Од:

Новиот министер без ресор Бујар Османи кој, како што е најавено, ќе биде вицепремиер за евроинтеграции, е роден на 11 септември 1979 година во Скопје.

Како што е наведено во биографијата доставена со предлог-составот за владата, Османи во 1997 година завршил Средно медицинско образование во Скопје, во 2004 година Медицински факултет во Скопје, во 2006 и 2007 година бил на специјализација по хепато-билио-панкреатична хирургија во Лондон, В. Британија, од 2012 година е специјалист хирург, од 2013 година асистен докторанд при Медицински Факултет во Скопје по предмет Хирургија, а од 2014 година е докторанд на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„ Скопје.

Османи од 2011 година работи како специјалист хирург на Универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија во Скопје. Тој од 2011 година е и секретар за комуникација со јавност при претседателството на ДУИ. Во периодот од 2008 до 2011 година бил министер за здравство во Владата на Република Македонија, од 2004 до 2008 година работел на Универзитетска клиника за хируршки болести „св.Наум Охридски„ Скопје, а во 2004 година бил и предавач во Средно Медицинско училиште „Др.Панче Караџозов„ во Скопје.

Во биографијата наведува дека има познавање на албански, македонски, англиски и делумно на француски јазик.

Османи е оженет и татко на две деца.

Би можело да ве интересира

Зоран Шапуриќ – министер без ресор

Ана Ололовска

Рамиз Мерко – министер без ресор

Ана Ололовска

Самка Ибраимоски – министер без ресор

Ана Ололовска

Роберт Поповски – министер без ресор

Ана Ололовска

Едмонд Адеми – министер без ресор

Ана Ололовска

Аднан Ќахил – министер без ресор

Ана Ололовска