Кочо Анѓушев – министер без ресор

Од:

Министерот без ресор Кочо Анѓушев кој, како што е најавено, ќе биде вицепремиер за економски прашања, е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе од 100 научни труда објавени на меѓународни и домашни научни симпозиуми и часописи. Под негово водство се реализирани повеќе од 50 проекти во индустријата од областа на машинството и енергетиката. Учесник е на повеќе трибини во организација на ЕБРД и ИФЦ.

Анѓушев е основач и главен извршен директор на групацијата Феро Инвест. Од 2004 година е активен член, а потоа и потпретседател на Стопанската Комора на Македонија. Во 2013 година е избран за претседател на Македонската енергетска асоцијација, при Стопанската комора на Македонија.

Роден е 1969 година во Велес каде завршува основно и средно образование. Во 1992 година дипломира на Машинскиот факултет во Скопје пред предвидениот рок, како првенец во генерација и останува да работи како асистент. Магистрира на Институтот за механика, а во Германија ја подготвува докторската дисертација која ја одбранил во 1998 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

Од 2000 до 2002 година, проф. д-р Анѓушев ја извршува функцијата помошен генерален директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија (ЕСМ).

Во своето портфолио групацијата Фероинвест водена од Анѓушев има во целосна сопственост 19 хидроцентрали, а во осум се јавува и како ко-сопственик. Во сопственост на Фероинвест е и компанијата ЕМС специјализирана за мониторинг и одржување на хидроелектрани. Третата дејност на Фероинвест е снабдување со електрична енергија. Денес групацијата вработува повеќе од 850 лица и има годишен обрт од 150 милиони евра.

Во однос на општествената одговорност, лани е основана Фондацијата Анѓушев, преку која се обезбедуваат стипендии за студенти и млади научни истражувачи.

Проф д-р Анѓушев е член на Управен одбор и спонзор на Ракометна федерација на Македонија, како и сопственик и главен спонзор на Фудбалскиот клуб Борец од Велес.

Би можело да ве интересира

Зоран Шапуриќ – министер без ресор

Ана Ололовска

Рамиз Мерко – министер без ресор

Ана Ололовска

Самка Ибраимоски – министер без ресор

Ана Ололовска

Роберт Поповски – министер без ресор

Ана Ололовска

Едмонд Адеми – министер без ресор

Ана Ололовска

Аднан Ќахил – министер без ресор

Ана Ололовска