Хазби Лика, новиот министер без ресор, предложен за вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, доаѓа од редовите на ДУИ.
Лика е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија на Предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година. Ова е негов трет мандат како пратеник.
Од 2003-2005 година е заменик министер за внатрешни работи, а од 2005-2009 градоначалник на општина Тетово.
Роден е на 19 април 1972 година во Тетово, оженет и татко на три деца. Лика е основач на партија Демократска унија на Албанците. Дипломирал на Факултетот за историја и филологија, отсек Албански јазик и книжевност на Универзитетот во Тирана, Албанија. Во биографијата е наведено дека веднаш по дипломирањето во 1998 година се приклучува на Ослободителната Војска на Косово, и во 2001 во Ослободителната Народна Армија. Зборува албански, македонски и англиски.