Аматери од Прилеп, Куманово и Скопје настапија на 53. ДАФ

Од:

Во рамки на 53-от Драмски аматерски фестивал (ДАФ) кој се одржува во Кочани, љубителите на театарската уметност синоќа имаа можност да проследат две театарски претстави.

Аматерите од Драмската група „Куманово“ од Куманово ја изведоа преставата „Ништо без Трифолио“ од Русомир Богдановски, а во режија на Стоје Додевски. Во ноќниот термин настапија членовите на Младинскиот образовен форум од Скопје со нивниот театар, кои ја изведоа претставата „Илустрации за тоа како идејата го запрепастува човекот кој не е спремен за тоа“ во режија на Наталија Теодосиева и Јаков Спасов.

Во терминот за детски претстави беше изведена претставата „Ние, врапчињата“ од бугарскиот автор Јордан Радичков, во продукција на театарската група „Заедно можеме подобро“, која ја сочинуваат ученици од основните училишта од Прилеп и Житоше.

Во рамките на придружните манифестации на годинашниот ДАФ во Кочани синоќа беше промовирана книгата „Шекспир меѓу Македонците, од Триполи до Скопје, по трагите на преводот во ракопис од 1908 година на „Венецијанскиот трговец“ во превод на Тодор Лазаров. Промотор на ова издание беше Дарко Спасов, драматург од Скопје.

На третиот фестивалски ден ќе настапат аматерите од село Иванковци, Велешко, од Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица и членовите на Драмското студио од Стара Пазова, Република Србија.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“