Во Русија непожелни Ѓукановиќ, Марковиќ, Брајовиќ…

Од:

Премиерот на Црна Гора Душко Маровиќ, претседателот на Собранието Иван Брајовиќ и претседателот на владејачката Демократска партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ се само некои од имињата, кои се наоѓат на „црната листа“ на Кремљ, на кои им е забранет влез во Русија, пишува подгоричкиот весник „Побједа“.

Повикувајќи се на дипломатски извори, весникот пишува дека на истатата листа се и министри и пратеници, кои се залагале за приклучување на Црна Гора кон НАТО.

Од црногорското Министерство за надворешни работи е најавено дека ќе биде испратено барање до руското МНР да му достави листа на непожелни лица, со цел да се избегне ситуацијата, која му се случила на пратеникот Миодраг Вуковиќ.

Меѓутоа, според информациите на „Побједа“ Москва нема обврски, ниту намера, да ја обелодени листата на непожелни личности од Црна Гора.

Извор на весникот, близок до руски дипломати тврди дека на црната листа се сите членови на Владата, пратеници, пред се оние 46, кои гласале за Протоколот за пристапување во НАТО, како и директори на поголеми државни компании.

– Листата содржи имиња на најмалку 70 лица, на кои Москва стриктно ќе се придржува на аеродромските пасошки контроли. Дури се проверувани и пратениците на Демократскиот фронт на своите патувања, изјави истиот извор.

Би можело да ве интересира

Русија собори пет украински беспилотни летала

А1он

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој