Куманово: Го нападнале со безбол палки и го ограбиле

Од:

Во населбата Карпош во Куманово синоќа околу 20,30 часот, откако М.С.(49) влегол во својата куќа, бил нападнат од три маскирани лица со безбол палки,  при што му биле одземени денари и девизи, во вредност од околу 13.500 евра.

Според пријавата на оштетениот, соопшти денеска МВР, при бегството на сторителите, кај еден од нив забележал дека носел пиштол. На М.С. му е укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар Куманово, по што е пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип