Охрид го пречекува Пелистер во последното коло од ракометниот плеј-оф

Од:

Ракометните екипи во три дена ќе го одиграат последното коло од плеј-офот. Вечерва од 19 часот во Охрид истоимената екипа е домаќин на битолски Пелистер. Домашниот тим посакува со триумф во последното коло да ја потврди добрата сезона и воедно да обезбеди пласман во евро-куповите.

Битолчани пак посакуваат триумф во овој дуел откако во последното коло го совладаа градскиот ривал Еурофарм Работник.

На првиот натпревар од 10.коло Металург вчера како гостин го совлада Еурофарм Работник со 24:22.

Последниот дуел се игра на 7 јуни во Велес каде Борец е домаќин на Вардар. Овој натпревар е одложен поради настапот на Вардар на „Ф4“ во Келн од Лигата на шампионите.

Табела: Металург 27 бодови, Вардар 24, Еурофарм Работник 12, Охрид 12, Пелистер 9, Борец 0.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ