Во Кинотека на Македонија вечер ќе биде отворена изложбата на уметникот аматер Рената Поповска.
Делата, околу 60, работени исклучиво од природни материјали: камен, дрво, коноп, ја раскажуваат убавата страна на животот, камената безвременска енергија и вечната љубов.
Водејќи се од својот креативен дух и моќта на природното, Поповска создава творештво кое само по себе е предизвик. Ова е нејзино прво претставување.