Индија на страната на Берлин во спорот со Вашингтон

Од:

Индискиот премиер Нарендра Моди, којшто е во посета на Германија, денеска даде отворена поддршка улогата на канцеларката Ангела Меркел како силен лидер на Европската Унија во време кога економската унија се соочува со проблеми поради Брегзит и протекционистичката политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Единството во ЕУ, проактивноста и силните релации со другите земји е екстремно важно за глобалниото развој. Ние сакаме ЕУ да стане посилна, а Индија ќе игра позитивна улога во тој правец со посредство на Германија, изјави Моди денеска на брифинг за медиумите, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Германската канцеларка Меркел по самитот на НАТО и на состанокот на Г7 групата изјави дека стабилните врски градени од крајот на втората светска војна во некоја мерка се завршени. Во ист остар тон порака до САД испрати и министерот за надворешни работи Зигмар Габриел кој смета дека „кратковидите политики на Трамп се спротивни на интересите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа