СДСМ: Да се формираат собраниските комисии и да се донесат законите за локални избори и за укинување на екстерното тестирање

Од:

„Повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да придонесе кон заокружување на функционалноста на Парламентот, со тоа што ќе предложи членови во собраниските комисии.

Посочуваме дека токму поради несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ не можат да се формираат работните тела на Собранието и да се донесат важни закони од интерес на граѓаните. Тоа во моментов се измените во Изборниот законик што треба да овозможат дефинирање датум за локалните избори и продолжување на мандатот на градоначалниците и советите, како и законските измени за укинување на екстерното тестирање што го очекуваат сите граѓани.

Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивните политики се препознаени и поразени од граѓаните. Потребно е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не се плашат од партиското раководство и наместо да штитат нивни лични интереси да се постават како конструктивна опозиција во Собранието, со што ќе придонесат во незапирливите демократски процеси. Да се формираат собраниските комисии, веднаш да биде укинато екстерното тестирање и да биде дефиниран датумот за локалните избори“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода