Неготинската гимназија прослави 20 години од француската билингвална паралелка

Од:

Неготинската гимназија „Свети Кирил и Методиј” денеска прослави 20 години од француската билингвална паралелка, прва од ваков вид во Македонија.

Во посета на училиштето беше и амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние.

– Билингвалната паралелка им нуди големи можности на учениците за стекнување подлабочени знаења од францускиот јазик и француската култура, благодарение на поддршката што ни ја даваат Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје. Интересот на учениците за изучување на францускиот јазиксе зголемува. Тие континуирано учествуваат на натпревари и горди сме што може да се пофалиме со своите резултати, рече доректорката Оливера Николова Ташева.

Проектот на билингвалните паралелки, нагласи, нуди многу можности за учениците и професорите. – Учениците од билингвалните паралелки континуирано се запознаваат со можностите за студирање на француските универзитети, 19 проценти од запишаните ученици во нашето училиште го продолжиле своето образование на реномирани универзитеи во Франција, подвлече Ташева, додавајќи дека нивната амбиција како училиште е овој проект, на билингвални паралелки, да продолжи.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко