Домот на културата „Јане Сандански“ од Пехчево одбележува 70 години од постоењето

Од:

Домот на културата „Јане Сандански“ од Пехчево одбележува 70 години од своето постоење.

Седумдецениското работење оваа установа ќе го одбележи вечер со концерт на КУД „Јане Сандански“ кое работи во рамките на установата, а целовечерен концерт ќе има и Ансамблот „Танец“.

Директорот на Домот на културата Страшо Андонов истакна дека овој јубилеј е потврда за континуираната заложба на сите одговорни лица кои биле клучни за да се одржува и надградува културната дејност.

– Ние сме горди што денеска одбележуваме значаен јубилеј. Во овие изминати седум децении не беше лесно, имаше подеми и падови. Но, сепак кога работиш на полето на културата, секогаш имаш некој мотив повеќе да се одржиш, да даваш бидејќи културата е духовна храна, која е и поттик за понатаму, рече Андонов.

Тој се наврати на почетоците на функционирањето на оваа установа.

– Во периодот по војната, во 1946 година во Пехчево прво беа формирани драмската и инструменталната секција, по што се создадоа услови да се формира хорска група, па играорната и од сите нив израсна Домот на културата. Денеска КУД „Јане Сандански“ е вистински амбасадор на македонскиот фолклор, каде членуваат стотина играорци, со кои имаме освојувано многу награди, а посебно внимание привлекува секцијата за модерен танц и вокалните интерпретатори кои на последните настапи во соседна Бугарија ги освои првите награди, рече Андонов.

Тој истакна дека нивни приоритети се дореконструкција на концертната сала, озвучувањето и осветлувањето, средување на плафонот и ѕидовите.

Концертите на КУД „Јане Сандански“ и на „Танец“ ќе се одржат на плоштадот во Пехчево. Концертот на „Танец“ е со поддршка на Министерството за култура и е во рамки на нивната турнеја низ Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Нов пожар кај Пехчево

Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Пехчевско

Горан Наумовски

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово