Набавната цена на природниот гас од 1-ви јануари 2013 година се намалува за 10,45 проценти, соопшти Макпетрол АД Скопје.
Намалувањето, како што соопшти компанијата, е резултат на преговорите што „Макпетрол“ АД Скопје ги водеше со својот руски партнер Гаспромекспорт неодамна во Москва.