Во расправија на нива помеѓу двајца браќа, еден прободен со нож

Од:

Расправијата помеѓу двајца браќа од гостиварското село Чегране за малку ќе завршела трагачно, откако едниот извадил нож и го пробил брата си во стомакот.

Според СВР Тетово, вчера попладне околу 18 часот и 30 минути, во гостиварската болница бил донесен В.А. (57) од Чегране со убодна рана во десната страна од стомакот. Осомничен дека раната со нож му ја нанесол е неговиот 63-годишен брат И.А., со кого половина час пред тоа, најпрво вербално се расправале, а потоа и физички се пресметувале на нива во близина, за која воделе судска постапка.

– Раправијата започнала откако помладиот од браќата со своето возило стигнал на нивата, каде го забележал постариот брат кој работел на оградата. Кусо се расправале, се степале, а И.А. кој во еден момент бил паднат долу на земјата, извадил нож и го прободел во стомакот, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Роднина, кој бил во близина го пренел В.А. во гостиварската болница и по укажаната лекарска помош, а по барање на најблиските, префрлен на една приватна клиниката во Скопје.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, осомничениот лишен е од слобода, задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување на сите поединости ќе се соочи со соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип