Египетски авиони нападнаа цели на исламистите во Либија

Од:

Египетски авиони синоќа нападнаа цели во либискиот град Дерни, продолжувајќи ги повеќедневните напади врз исламистичките милитанти, кои Египет ги смета за одговорни за убиството на египетските христијани минатата недела, изјавија претставници на либиската војска.

Египетските воено воздухопловни сили ги почнаа нападите неколку часа откако маскирани напаѓачи влегоа во возила, кои превезуваа десетици верници во манастир во јужен Египет и убија 29, а ранија 24 лица.

Очевидец изјави дека вчера во еден напад цел бил западниот влез во Дерн, а во други два јужниот дел на градот, јави ФЕНА.

– Воздушните напади заеднички ги извршија Либиската национална армија и египетската војска, изјави Ахмад Месари, портпарол на Либиската национална армија, која е во сојуз со Египет.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски