Сириските киднапери побараа откуп за заложниците

Од:

Киднаперите на двајцата руски граѓани и еден Италијанец побараа откуп за да ги ослободат заложниците, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Заедно со руските државјани В. В. Горелов и Абдесатар Хасу беше киднапирани и Италијанецот Марио Белуомо. Хасу има и сириско државјанство.

Тројцата се киднапрани вчера додека патувале со автомобил од Хомс за Тартус. Тие се вработени во сирискиот завод за преработка на челик „Хмишо и С-ие“ во индустриската зона Хасија во близина на Хомс.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва ги презема сите неопходни чекори.

– Активно дејствуваме за случајот. Преземени се сите неопходни чекори во Сирија и во други држави, кои можат да имаат влијание врз ситуацијата, посочи Лавров.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица