Известители на ПССЕ во посета на Македонија

Од:

Известители на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки преземени при приемот во Советот на Европа денеска и утре ќе бидат во работна посета на Република Македонија.

Европратениците Лисе Кристоферсен од Норвешка и Валериу Гилечи од Романија, како коизвестувачи на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ), како што е најавено, треба да се сретнат со Претседателот на Република Македонија, претседателот на Уставен суд, владини претставници, лидери на политички групи и Специјалниот јавен обвинител, како и претставници на НВО, медиуми и меѓународни организации.

Средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафер, како што е најавено, ќе се одржи денеска попладне во неговиот Кабинет.

Теми на работната посета на известувачите се настаните кои следуваат по парламентарните избори во декември 2016 година, како и генералниот напредок во однос на обврските и заложбите од Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска

ПССЕ: Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Советот на Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе одржи вонредна пленарна седница на која ќе се расправа за нападот на Русија врз Украина

А1он

ПССЕ бара засилување на борбата против така наречените злосторства поради „чест“

Ана Ололовска