Десетици илјади цивили во Мосул се без храна, вода и лекови

Од:

Десетици илјади цивили во некои делови на Мосул, кои се под контрола на групата Исламска држава (ИД), имаат потреба од храна, вода и лекови, соопштија ОН, неколку дена откако ирачката војска со поддршка од САД започнаа нова офанзива со цел да се преземе градот.

– Околу 200.000 луѓе и натаму живеат под команда на ИД во Стариот град на Мосул и уште три населби, истакна координаторката на ОН за хуманитарни прашања, Лисе Гранде.

Ирачките сили соопштија дека започнале нова офанзива со цел да ја преземат од екстремистите зоната од западната страна на реката Тигар.

– Борбите се исклучително интензивни, а присуството на цивилите значи дека мораме да бидеме многу внимателни, изјавил советник во ирачката Влада.

Луѓето кои успеале да се извлечат од квартовите кои се под контрола на ИД тврдат дека „ситуацијата е драматична, нестасува храна, резервите на вода се ограничени, а има сериозен недостиг и на лекови, вели Гранде.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак